Александар Волкановски: Не сум сигурен дека Холовеј сака реванш

Александар Волкановски не верува дека неговиот ривал Макс Холовеј сака реванш. Ги гледавме во кафезот минатиот декември кога Волкановски ја доби борбата со едногласна одлука на судиите, при што го симна од трнот „Благословениот“ во перо категорија.

Дана Вајт сака реванш меѓу нив, но тоа нема да се случи наскоро затоа што шампионот е повреден и се очекува да отсуствува во првата половина на 2020 година.

Има доста борци во категоријата кои бараат шанса, но Волкановски не е импресиониран од нив. Тој ја доби борбата за титули откако забележа седум последователни победи и сега ги повикува неговите колеги да го сторат истото.

„Макс не беше во можност да ги зададе ударите што обично ги прави. Имав пет рунди на располагање за да го неутрализирам Холовеј и го направив тоа. Имаше многу други работи што можевме да ги направам, но немаше потреба. Макс е одличен шампион и можевме да ја вклучиме и борење во битката. Јас сум завршен борец и можев да го соборам, но не требаше. Нема да застанам тука и да кажам дека сум најголем во историјата.

Сепак, треба да се забележи дека малкумина можат да се пофалат со победи како моите. Погледнете ги тие што ги забелчежав во текот на минатата година. Треба да се справам со уште неколку борци и ќе оставам луѓето да зборуваат. Не знам дали Холовеј сака реванш. Тој може да одлучи да премине во лесна категорија. Ја добив секоја една рунда во нашата битка. Да, тој е одличен шампион, но уведливо го победив. Дали навистина заслужува реванш?

Има и други борци со кои треба да се борам. Го имаме Чан Јунг, кој е во серија победи. Исто така тука е Забит, но не победил врвен борец. Во моментов имам повреда што ме исфрла од колосек половина година и имат време да извадат неоспорен предизвикувач за титулата. Што чекаат? Дали чекаат шанса на готово?

Забит и Јунг се претенденти за титулата и треба да се борат, за да добојат предизвикувач. Јас си ја заслужив мојата шанса и ги повикувам да го направат истото. Борете се, добијте предизвикувач и ќе се видиме наскоро“,  порача Алксандар Волкановски во интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО