Џошуа: Фјури не престана да бега 12 рунди во мечот со Кличко! Тоа е здодевно

Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ИБО и ВБА, Британецот Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО) не се согласува со мислењето на Тајсон Фјури (25 – 0, 18 КО) дека тој имал поубедлива победа против Владимир Кличко (64 – 5, 53 КО). Фјури го победи Украинецот со едногласна одлука на судиите, а Џошуа го нокаутира Кличко, откако предходно и тој се најде во нокдаун.

„Фјури не се обидуваше да го нападне. Тој не излезе со цел да победи. Едноставно, 12 рунди бегаше по рингот. Тоа е досадно. Прашањето не е во победата, туку во тоа како е добиена. Кој победа над Кличко ќе паметат навивачите по неколку години“, изјави Ентони Џошуа.

Тајсон Фјури не се појавил во рингот од средбата против Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON