ММА ѕвездата, Џон Џонс, официјално е вратен во УФЦ, кој какo борец постигна судска спогодба во случајот против него. Тој може да се врати во кафезот. ММА организацијата објави дека очекува нивниот поранешен шампион во леснотешка категорија да ги почитува сите услови по судската спогодба, вклучувајќи го и подложувањето на доброволна општествено корисна работа.
Во моментов се зборува за датумот кога Џонс повторно ќе може да се бори.
„Му објаснивме на Џон Џонс дека новата шанса да се бори во УФЦ е привилегија, а не право“ – објасни шефот на компанијата, Лоренцо Фертита, кој додаде: „Имаме огромни очекувања од неговото однесување во иднина“.
Џонс изјави дека е благодарен за можноста да се врати.
„Немам трпение да се докажам како шампион внатре во октагонот и надвор од него“, изјави Американецот.