Андерсон Силва и неговата екипа се подигруваат со Стивен Сигал (ВИДЕО)

za sigal silva

Стивен Сигал си ги припишува заслугите за неколку историски нокаут во историјата на ММА – најмногу на овој од Андерсон Силва против Витор Белфорт, како и Лиото Мачида против Ренди Котур.

Сенсеи Сигал тврди дека ги научил Силва и Мчида на техниките со кои ги добија овие пресметки.

Неодамна Сигал повторно даде изјава за медиумите во која тврди дека му одржал неколку лекции на Даниел Кормиер пред мечот за титула против Џон Џонс, но овој пат очигледно тие немаа дејство, бидејќи сите знаеме како заврши оваа средба.

Во следново видео можете да видите стар клип, на кој Сигал покажува техники на Андерсон Силва, а по него и видео на кое екипата на Бразилецот го исмева акциониот херој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО