ЕКСКЛУЗИВНО: Погледнете ја борбата на Александар Заткоски на Фајт најт чемпион 3! (ВИДЕО)

Aleksandar Zatkoski borba Veles Fajt najt 3

Александар Затковски го совлада Анто Палавра (БиХ) во категоријата до 66 килограми на ММА настанот „Фајт најт чемпион 3“ во Велес.

Zatkoski a vo Veles

Заткоски покажа убава техничка демонстрација на бразилско џиу џицу. Тој го фрли противникот на партер и брзо премина во напад при што му направи армбар.

„Борбата беше одлична за почеток на професиналната кариера. Се се одвиваше како што треба. Го добив противникот таму каде што сакав, ја наметнав мојата тактика што ја подготвував заедно со мојот тренер Ивица Алексовски. Едно големо благодарам до момците од мојот клуб Д’ Стронгест, што ни помогнаа на нас борците во подготовките. Голема чест ми беше што медалот за победата ми го доделе ММА ѕвездата Маро Перак“, истакна Александар Заткоски.

Zatkoski so maro Perak

Заткоски вели дека сега продолзува со подготовките за наредните турнири во ММА и БЏЏ.

„Сакам јавно да ги поканам сите љубители на БЏЏ спортот да дојдат на големиот турнир на 1 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, кој е под подкровителство на БЏЏ федерацијата на Македонија и претседателот и основачот на клубовите Д’ стронгест & рутс Македонија, Ивица Алексовски“, повика Заткоски.

За сите оние што не беа на настанот во Велес, ексклузивно може да го видат видеото од неговата борба.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО