Џон Џонс е еден од најдобрите борци на планетата во овој момент, на кого зборот секогаш му тежи, без разлика што зборува „Боунс“.
Неколку дена пред средбата со шампионот во полутешка категорија на УФЦ, Даниел Кормиер на УФЦ 200, Џонс се закани дека за Кормиер „се ќе заврши“ кога двајцата ќе влезат во кафезот.
Ова ќе биде и главниот настан на вечерта на УФЦ 200, кој е преполн со импресивни дуели.
„Мислам дека на Кормиер има голем притисок. Откако ќе победам и вториот наш меч, тој ќе заврши. Навистина ќе заврши. Правеше многу добра работа како коментатор, но за него ќе биде голем удар, ако повторно загуби од мене. Притисокот е врз него. За него ова е навистина „сè или ништо“- обложувачка ситуација. Што се однесува до мене, јас сум 28 години и се уште имам многу време пред мене. Даниел Кормиер е во позиција во која ако го загуби овој меч, никогаш нема да биде виден како вистинска шампион. Мислам дека го знае тоа“.