Џон Џонс: Не е пронајдено никакво ракетно гориво

Допинг тестот на Џон Џонс направен на денот на борбата со Александар Густафсон беше чист, објави Спортска комисија на Калифорнија.

Откако пред реваншот со Швеѓанецот во телото на Џонс беа пронајдени траги од стероиди Спортската комисија на Невада одби да му даде дозвола за настап, а настанот од Лас Вегас беше префрлен во Лос Анџелес.

Американецот го нокаутира Швеѓанецот и си го врати шампионскиот појас во полутешка категорија, но ова беше невиден случај во историјата на УФЦ. Промоцијата и нивниот претставник за допинг Џеф Новицки тврдеа дека пикограмите на стероиди пронајдени во телото на Џонс биле последица на претходното земање за кое веќе бил казнет и дека може да се појавуваат во телото 7 години по првото користење.

На тестот направен на денот на борбата со Густафсон ги немаше, а новиот шампион го прослави тоа на социјалните мрежи со пораката: „Апсолутно не е пронајдено никакво ракетно гориво“.

Во пресрет на реваншот Густафсон изјави дека Џонс може да биде и на ракетно гориво и сепак ќе го победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON