Џон Џонс: И помогнав на УСАДА, но не сум кодош

 

Поранешниот шампион во полутешка категорија, Џон Џонс, минатата година падна на допинг тест и доби суспензија од 4 години, бидејќи тоа беше втор негов пад. Сепак, Џонс направи компромис со УСАДА и доби казна од 1 година, кое веќе истече и тој ќе може да бори. И додека сите го обвинуваат дека е кодош, Џонс е со поинакво мислење.

„Целата приказна за кодошењето не е точна, затоа што од УСАДА барат да им кажеш дали знаеш борци кои користат забранети супстанции. Застанав пред нив и им кажав дека не знам борец што користи такви работи. Не знам борец кој користи забранети супстанци. Се шпекулира за некои момчиња од мојата сала, но јас не знам ништо и немам такви информации. Им одговорив чесно.

Многу и помогнав на УСАДА и тоа за различни работи. Им дадов пристап до мојата приватност и чесно им одговарав и искрено им одговорив на сè, дури и се заколнав. УСАДА направи се што е возможно, за да си ја вратам работата и сум благодарен. Целата таа приказна со кодошењето ми е чудна. Да бидеш кодош значи дека си предал некој што ти верувал. Ако не знаеш некое копиле, тогаш како ќе го извалкаш? Дали сме во затвор? Кои се тие кодоши? Дали сме во гимназија? Дали сме мафијаши?

https://twitter.com/dw504966/status/1067580991122792448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fjon-jones-pomognah-na-usada-no-ne-sam-donosnik

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON