Кро Кап ве повикува да го одработите неговиот најдраг тренинг за снага (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ напорно тренира за се уште непотврдениот настап на новогодишниот настан на Ризин во легендарната Саитама арена. Но, Кро Кап без оглед на тоа што не е сигурно за настапот, секојдневно ја бруси формата во својата сала во загребската Гајница.

Во вторникот објави видео за неговиот надраг тренинг за снага и издржливост. Не само што објави видео, туку во писмена форма откри кои се вежби ги работи на тој тренинг. Ваков тренинг практикува еднаш неделно.

„Дефинитивно, ова е мојот најдраг трернинг за снага и издржливост што го практикувам еднаш неделно. Се состои, како што можете да видите, од две подигнувања на шипка, 4 склекови со скокање, 6 подигнувања, 8 тесни прескокнувања и 10 скока од клечење, објаснува Филиповиќ и додава:

„Работам 15 серии на тренинг, а целта е да се направат сите 15 серии за помалку од 15 минути. Ова е многу тешко, особено ако вежбите се изведуваат правилно. Но, дури и 20 минути за 15 серии е добар резултат. Потоа работам со 8 серии на „bencha“’ и 8 серии на бицепс „push“. Иако овие 15 серии се повеќе од доволни за одличен тренинг. Целиот тренинг со загревање и истегнување би требало да трае околу 40 минути. Обидите се“!

На крајот на неговата објава ве повикува легендарниот борец. За да ги направите овие 15 серии мора да бидете во прилично добра физичка форма. Особено ако сакате да го направите тоа во рок од 15 минути. Тоа е минута по одработена серија, што значи дека немате премногу време …

https://www.instagram.com/p/BqslZPDg_KC/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

https://www.instagram.com/p/BqkIunFgov8/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО