Џо Шилинг предупредува: Детето Китон е измама, не уплатувајте пари (ВИДЕО)

Емотивното видео на младиот Китон Џонс во зборува како жртва на насилство (малтретирање) во училиште, за многу кратко време стана вирално. Помош и поддршка му стигнуваат од сите страни, а пособено се истакнуваат оние кои доаѓаат од ММА заедницата.

За жал, познатиот кик боксер на Белатор, Џо Шилинг, тврди дека се работи за измама и дека сите оние кои уплатиле пари на сметка на момчето, всушност биле жртви на бессрамна измама. Наводно, за неколку дена на сметката се собрани од околу 60.000 долари.

Шилинг, всушност, стапил во контакт со момчето и неговата мајка за да го одведе Китон на настан на Белатор, со цел да го запознае со борците и малку да го развесели. Но неговата мајка ја одби таква можност и исклучиво сакала – пари! Двете страни почнале да расправаат преку пораки, кои Шилинг ги  обелодени. Во една од пораките, мајката на Китон се служи со расистички изрази, што пособено го налутило кикбоксерот на Белататор.

„Добро, добро, сите знаете дека го мразам расизмот. Погледнете некој што тврди дека  е мајката на Китон што има да каже. Еби ја оваа кучка. Ова може да биде лажен профил кој се преправа дека е неговата мајка. Но, ова е личност која собира доброволни прилози и треба да се покаже“, се наведува во пораката на Шилинг.

Истиот борец сними видео во кое предупредува на измама.

И познатата ТВ ТМЗ се осврна на можната измама зад младиот Китон Џонс. Првата сметка е отворена на GoFundMe сервиост како „Застанете до Китон“ веќе не прима донации, откако се прекинати понатамошните уплати, а на сметка се собрани речиси 60 илјади долари.

Многу брзо е отворена и друга сметка која собира средства за божиќен подарок на Китон, но, како што јавува ТМЗ, и таа сметка е затворена од страна на GoFundMe сервисот, поради сомневање за измама.

ВИДЕО:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО