Џо Роган: Хорхе Масвидал е лоша борба за Мек Грегор

Пред неколку дена Хорхе Масвидал посака меч со Конор Мек Грегор, затоа што во него видел лесно заработени пари и немал трпение да ги земе. Таква борба тешко дека ќе видиме, но тоа не го спречува Џо Роган да зборува за неа и да каже дека „Гејмбрд“ може да се покаже како премногу голем предизвик за Конор Мек Грегор, кој во последните години не знае што е победа во кафезот.

„Ова е лоша борба за Мек Грегор. Масвидал е покрупен борец. Тој е полусреднаш и таму си тежнее. Порано сме го гледале во лесна категорија, но се измачуваше со симнувањето на тежината. Тој е крупно момче и зборуваме за човек кој ги нокаутира Каубојот Цероне, Дарен Тил и Бен Аскерн.

Мислам, тој нокаутира големи борци од средна категорија. Во последните средби Масвидал навистина покажува дека е нешто посебно“.

Веќе се појавија коефициенти за битка меѓу нив и сосема очекувано Масвидал e фаворит:

Победа за Мек Грегор – 2.60

Победа за Масвидал – 1.71

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО