Џереми Стефенс го нокаутира Чои, Елкинс го задуши Џонсон (ВИДЕО)

Џереми Стивенс (27-14, 14-13 УФЦ) го нокаутира Дохо Чои (14-3, 3-2 УФЦ) во втората рунда од главната борба на вечерта на УФЦ во Сент Луис.

По Мелендез, на Стивенс ова му е втора последователна победа, а на Кореецот втор последователен пораз.

Тие добија бонус од 50.000 долари за борба на вечерта.

https://youtu.be/tFiUniPrDsk

Дарен Елкинс (24-5, 14-5 УФЦ) доби 50.000 долари за изведба на вечерта во пресвртот против Мајкл Џонсон (17-13, 9-9 УФЦ). Елкинс го победи давење од позади и во неговото деби во перолесна категорија му го нанесе третиот пораз.

https://youtu.be/Ke0zzLlGtdE

Преостанатиот бонус отиде кај Марко Поло Рејес (8-4, 4-1 УФЦ) за нокаутот против Мет Фервол (6-1, 0-1 УФЦ).

Камару Усман (12-1, 7-0 УФЦ) со едногласна одлука на судиите го совлада Емил Мек од Норвешка (9-3, 1-1 УФЦ) и стигна до 7-0 во УФЦ.

https://youtu.be/gdkcRSmoov4

УФЦ Фајт најт 124:
Џереми Стивенс – Дохо Чои (ТКО, Р2)
Џесика-Роуз Кларк – Пејџ ван Зант (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Камару Усман – Емил Мек (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Дарен Елкинс – Мајкл Џонсон (сабмишн, давење од позади, Р2)
Џејмс Краус – Алекс Вајт (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Марко Поло Рејес – Мет Фривола (КО, Р1)
Ирина Алдана – Талита Бернардо (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Кјунг Хо Канг – Гвидо Канети (сабмишн, давење со триаголник, Р1)
Џесика Ај – Калиндра Фарија (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Ј.Ј. Олдрич – Даниел Тејлор (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Медс Барнел – Мајк Сантијаго (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON