Џереми Ренер во улогата на Роки Марчијано

Dzeremi rener

Ѕвездата од „Американска шема“ и „Невозможна мисија“, Џереми Ренер, ќе ја игра улогата на легендарниот американски боксер во тешка категорија Роки Марчијано. Продуцент на филмот е Морис Леви. Во моментов, се уште не е јасно кој ќе биде режисер на продукцијата.

Во филмот ќе биде прикажан животот на Марчијано од неговото детство до неговата смрт во авионска несреќа.

Кариерата на боксер ја заврши со феноменални 49 победи од 49 натпревари. Тој е единствениот светски шампион во тешка категорија, кој се повлекува од рингот без пораз.

https://youtu.be/c6Qv4_oKx6U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО