Кличко: По поразот од Фјури мотивацијата ми скокна до небото

Klicko sedi  i se smee

Поранешниот светски шампион во супер тешка категорија, Владимир Кличко, смета дека од поодамна се наѕирал поразот од Британецот Тајсон Фјури. Сепак, сега Украинецот немал никаков проблем со мотивацијата и со нетрпение го очекува реваншот.

„Се случи она што се назѕираше од поодамна. Претходно не чувствував дека сум ја изгубил мотивација во времето кога ги поседував титулите, но сега, кога тие веќе не се мои, мотивација ми скокна до небото. Јас не се чувствувам претепан или поразен. Јас само изгубив. Веднаш по мечот се чувствував разнишано, но веќе одамна се смирив“, изјави Владимир Кличко.

Потсетуваме дека на 28 ноември во Дизелдорф Украинецот загуби на поени од Фјури. Реваншот ќе се одржи идната година во периодот април-јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО