Џенингс: Се надевам дека спечалив почитување! (ВИДЕО)

W

Претендентот за светската титула во тешка категорија, Брајант Џенингс, не е загрижен од поразот што го претрпе од Владимир Кличко во саботата навечер. Американецот се претстави повеќе од достојно, притоа успеа да освои неколку рунди, но на крајот попушти и ја загуби борбата со судиска одлука.

„Се надевам да сум освоил почит и дека имам нови навивачи. Оваа средба нема да им наштети на мојата доверба. Очекував да се претставам добро, така и беше. Сакам да имаме уште еден меч. Мислам дека успеав да го повредам. Го видов како воздивнува. Моето искачување кон врвот е допрва. Немам намера да губам време. Ќе се борам со најдобрите“, ја прокоментира средбата Џенингс. Владимир Кличко призна дека имал проблеми.

„Беше многу подвижен. Не успеав да го најдам клучот и точната оддалеченост за да ги зададам ударите што сакав . Сето одеше во неговите раце и беше одбивање од неговата одбрана. Не успеав да ја одбранам титулата на убедлив начин, како што обично го правам тоа“, го анализираше мешот Кличко.

Тој потврди дека сигурно ќе се бори со Тајсон Фјури. Додаде дека има намера да се соочи и со Дионтеј Вајлдер, што всушност ќе биде меч за обединување на титулите, но тоа, најверојатно, ќе се случи во почетокот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО