Џејмс Дигејл (Англија) ја освои титалта на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) во суперсредна категорија. Тој со судиска одлука го победи Андре Дирел (САД) на галавечерта во Бостон (САД). За вкавата одлука претежнаа двата нокдауни кои ги забележа Британецот во втората рунда. Американецот се обиде да се врати во борбата, при што имаше добри моменти во втората половина на мечот.
„Не знам како го изгубив овој меч. Тој бегаше од мене во текот на целата средба“, беа првичните зборови по средбата на Дирел.
Дирел го забележа вториот професионален пораз во кариерата. Билансот на Дигејл е 21 победи (14 со нокаут) и 1 пораз.
https://youtu.be/I1wqHqe8pL4