Османоски: Јас сум борец, а борците се родени да се борат, без разлика на поразите!
Вчера Бени Османоски загуби од Словакот Давид Субјак во реванш мечот во мај тај на настанот „Стори“ во Швајцарија. По борбата Османоски истакна дека се чувствува добро и дека како секој што губи помалку е нервозен, но дека ќе помине и тоа.
-Но, јас сум борец, а борците се родени да се борат, без разлика на поразите. Одам понатаму, ќе бидам уште подобар и за брзо време ќе се вратам во рингот, – порача Османоски.
Тој им се заблагодари семејство за подршката и мотивацијата што му ја давале, на неговиот тренер и менаџер Р. Руби, како и на спонзорот Р.Касати.
Османоски му се заблагодари и на спаринг партнерот, Данут Хурдуч, а, воедно, му ја честиташе победата на синоќешниот настан.
Исто така имаше зборови на благодарност и за Мирко Кун, поради помошта околу подготовките за мечот, и на Макс Репучи од Италија кој го подготвувал за борбата.
ipon.mk/В.Д.




