Џејкобс во првата рунда го сомеле Квилин и сатана крал на Бруклин (ВИДЕО)

daniel jacobs quillin

Во судирот на брулинците Даниел Џејкобс го сомеле Петер Квилин и ја одбрани титулата во ВБА во средна категорија по само 85 секунди.

Уште во првата рунда тој го нокаутира Петер Квилин, кој е негов многу добар пријател од детството и заедно раснеле во Бруклин. Американските медиуми очекуваа изедначен меч, полн со возбудувања, но го добија спротивното – технички нокаут за само 85 секунди.

„Мирикл мен“, како што многумина го нарекуваат продолжи да ниже победи, додека за Квилин ова беше прв пораз во кариерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО