Предизвикувачот за светската титула во тешка категорија, Џарел Милер – Големото бебе, е фатен дека се допингувал. Американецот е позитивен на примерок надвор од натпревар, еден и пол месец пред дуелот со Ентони Џошуа. Тестот е направен на 20 март. Забранетата супстанција е ендорбол. Таа помага за побрзо согорување на маснотии, забрзување на закрепнувањето за време на тренинг кампот и подобрување на перформансите.
„Во моментов работам со сите засеганти страни“, рече Еди Херн и додаде: „Џошуа продолжува да се подготвува за меч на 1 јуни“.
Промоторот на Милер, Дмитри Салита, објасни дека сега ги собираат сите детали за случајот. Воедно, Милер продолжува со тренинзите. Во подгревањето на атмосферата за мечот, Американецот неколку пати го обвини Џошуа дека се допингува.