Алварез сака да се бори со Ковалев

Светскиот шампион во средна категорија Сол Алварез е подготвен да се подигне за две тежински категории, за да се бори со Русинот Сертеј Ковалев. Мексиканцот лично потврдија дека има интерес за таков меч.

„Вистина е, имам желба да се борам со Ковалев. Не е важно што тој е поголем од мене. Ми се допаѓа идејата без разлика ризиците. Што се однесува до третата средба со Головкин, не ме интересира оваа опција. Веќе го победив два пати (првиот меч меѓу нив заврши нерешено – з.н.). Ако нема други опции, со него ќе направиме и трета квалитетна борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО