Џарел Милер го прегази Адамек

Како и што се претпоставуваше, 41-годишниот Томаш Адамек (53-6, 31 КО) не можеше да му се спотивстави на помладиот и 40 килограми потежок Џарел Милер.

30-годишниот Американец (22-0-1, 19 КО) во Чикаго со десен аперкат во втората рунда го нокаутира поранешниот светски шампион во полутешка и лесна категорија.

По завршувањето на мечот, Милер изјави дека заслужува борба со ВБА „супер“ првакот Ентони Џошуа. Поверојатно е дека прво ќе се бори за „регулраната титула на ВБА“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО