Џарел Милер го нокаутира Дину (ВИДЕО)

Џарел Милер (23-0-1, 20 КО) во Мулване, Канзас, ја забележа втората победа за нешто повеќе од еден месец.

Откако во почетокот на октомври во Чикаго го нокаутира Томаш Адамек, „Биг Бејби“ забележа нов нокаут против Богдан Дину (18-1, 14 КО).

30-годишниот Американец претходно непоразениот Романец го соборуваше во четвртата рунда со комбинација две десни крошеа во телото и десен аперкат и лево  кроше во главата. Половина минута пред истекот на времето 32-годишниот Дину го продолжи мечот, но 143 килограми тешкиот Милер со десно кроше пак го испрати на подот и не можеше да одговори на броењето.

https://www.youtube.com/watch?v=S8aOBfF0bNc

https://www.youtube.com/watch?v=yxUBF4aCPcQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО