Девин Хејни сака да се обиде во суперлесна категорија, ВБЦ ќе му го одземе појасот

Апсолутниот шампион во лесна категорија Девин Хејни (30-0, 15 КО) кариерата ќе ја продолжи во повисоката дивизија.

Имено, американскиот боксер го известил ВБЦ дека сака да се бори со Реџис Програис во суперлесна категорија.

Организацијата му излезе во пресрет и ја прифати неговата одлука.

Хејни моментно доби статус на „шампион на пауза“, па ВБЦ им нареди на прворангираните предизвикувачи да се борат за титулата во лесна категорија.

А доколку Девин реши да се врати во лесна категорија, веднаш ќе добие шанса да се бори за титулата.

Засега појасот нема да има свој сопственик, а како можни кандидати кои би се бореле за тронот би биле задолжителниот предизвикувач на ВБЦ Шакур Стивенсон и најдоброрангираниот боксер кој се согласува на мечот.

Прв во листата на предизвикувачи е Украинецот Васил Ломаченко, а тие прво му понудија борба за шампионскиот појас.

Доколку Ломаченко не се согласи на мечот против Стивенсон, тогаш ВБЦ ќе им понуди борба на следните борци по ред: Исак Круз, Вилијам Зепеда, Френк Мартин…

Боксерската јавност најмногу би сакала да види борба меѓу Стивенсон и Ломаченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON