Девин Хејни порача дека ќе го претепа Рајан Гарсија

Американскиот борец Девин Хејни (31-0) боксира на 20 април на настан во Лас Вегас против сонародникот Рајан Гарсија (24-1).

Хејни во мај минатата година ја одбрани титулата апсолутен шампион во лесна категорија, но ги остави појасите и се пресели во повисока категорија.

Во декември го победи Реџис Програис со едногласна одлука на судиите и така стигна до појасот на ВБЦ во суперлесна категорија.

Тој ја има првата одбрана на титулата по две недели против кралот Рајан.

„Така ќе го победам Гарсија што нема ни да помисли на реванш. Отсекогаш сонував да бидам на ова место. Тренирав многу и сето тоа ќе се исплати со оваа борба“, изјави Девин Хејни и продолжи:

„Веќе немам почит кон Рајан. Како деца го делевме рингот шест пати, но по последните настани, сето тоа исчезна. Тој е само кловн“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО