АктуелноБоксПрофесионален

Девин Хејни ја планира својата следна борба

„Мислам дека Дејвис е на врвот на листата, веројатно Шакур е следен“

Шампионот во велтер категорија на ВБО, Девин Хејни, ја планира следната борба, а неговиот татко и тренер Бил Хејни состави список на противници за кои е заинтересиран тимот на шампионот.

Изненадувачки, поранешниот шампион во лесна категорија, Џервонта Дејвис, е на врвот на таа листа, иако неговото враќање во рингот е под голем знак прашалник. На листата се и Шакур Стивенсон, Џарон Енис, Конор Бен, Кејшон Дејвис и новиот шампион во велтер категорија на ВБЦ, Рајан Гарсија.

„Мислам дека Дејвис е на врвот на листата, веројатно Шакур е следен“, изјави Бил Хејни за Ол д смоук фајт. „Џарон Енис. Конор Бен можеби е некаде близу дното. Мислам дека Рајан Гарсија е број десет. Брајан Норман беше таму. Кејшон Дејвис е на таа листа“.

27-годишниот Американец Девин Хејни ја освои титулата во велтер категорија на ВБО минатиот ноември и стана светски шампион во три тежински категории.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON