Девет медали за Македонија на Кендо купот „Солун опен“

На 17-тото издание на Кендо купот „Солун опен“ под покровителство на градоначалникот на Солун по повод ослободувањето на Солун, во конкуренција од 22 екипи од Грција, Србија, Романија, Бугарија, Австрија, Малта и Македонија, нашиот тим составен од два кендо клубови од Македонија – Јошин кендо доџо – Скопје и Кендо клуб Охрид, настапија во повеќе категории: пионери, кадети и сениори во машка и женска конкуренција освоија 9 медали – 3 златни, сребрени и 4 бронзени.

Матеј Ивановски го освои „Купот Солун“ во поединечна сениорска конкуренција, Во пионери триумфираше Меланија Крстевска, а Јошин кендо доџо го освои трофејот „Солун опен“ во екипна сениорска конкуренција.

Резултати:

Екипно сениори
1.Јошин кендо доџо- МКД
Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Андреј Александров, Олег Бичковски и Александар Петрески

2.Београд СРБ
3.Атрапос Солун ГРЦ
3.Јошин кендо доџо 2 тим  Скопје МКД
Сокалов, Ангела Атанасовска, Дарко Велковски, Башовски и Ивона Лазаровска

Поединечно:

Пионери
1.Меланија Крстевска- Јошин МКД
2.Мачија – Атрапос – ГРЦ
3.Јована Андоновска – Јошин МКД
3.Михаил Миленковиќ – Јошин МКД

Кадети
1.В. Крстиќ – Београд СРБ
2.Матеј Илиоски – Јошин МКД
3.Сеферлис – Атрапос – ГРЦ

Јуниори
Проблем со пасош

Сениорки
1.Астерија Акила – Атина Доџо – ГРЦ
2.Ивона Лазаровска – Јошин – МКД
3.Ангела Атанасовска – Јошин МКД
3.Марија Палиоглу – Атрапос – ГРЦ

Сениори
1.Матеј Ивановски – Јошин – МКД
2.Танасис Стаматис – Томбокаи – ГРЦ
3.Андреј Милошевиќ- Мори – СРБ
3.Мартин Димитров – Мусо – БУГ

Борбен дух
Џан Ајдогду – Сишинкан – ТУР

„Голема е радоста на нашите успеси, земајќи го предвид фактот дека се освоени вкупно 9 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени. Но, во главните конкуренции се освоени првите места и во поединечна и во екипна конкуренција.

Мораме да напоменеме дека нашите два клуба отпатуваа во Солун без неколку стандардни првотимци, без јуниорскиот тим, но и без стручниот штаб на клубовите и федерацијата, Атанасовски и Кесковски.

Овој Куп е еден од следните контролни турнири пред настапот на Балканското првенство во Истанбул, Турција, во мај годинава, и, секако, Светското првенство во кендо во јули во Милано, Италија.

Апелираме до надлежните служби во МВР и Агенцијата за млади и спорт да излезат во пресрет со издавањето на потребните патни исправи и АМС со соодветно финансирање на Федерацијата и клубовите во следниот период на настапи“, вели претседателот на МКИФ д-р Златко Кесковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON