АктуелноБорењеДомашна сцена
Борачи на Балканец и Бучим настапуваат на „Иван Деливерски“ во Пловдив

Борачите на БК Балканец денес ќе настапат на Меѓународниот турнир „Иван Деливерски“ во Пловдив, Бугарија.

На турнирот учествуваат повеќе од 100 борачи од Бугарија, Грција, Романија, Молдавија и Македонија.

Стефан Стојков во првото коло ќе се сретне со борач од Пазарџик, Бугарија, додека Јован Атанасов во првото коло е слободен, а Мехмет Хусеинов од БК Бучим ќе ги одмери силите со борач од Бургас.



