Девет медали за Хва ранг ИТФ на „Бугарија опен“

Натпреварувачите на  „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид викендов на Меѓународниот таеквондо турнир од А класа на ИТФ „Бугарија опен” во Пловдив освоија 9 медали – 1 златен, 2 сребрени и 6 бронзени медали.

Освојувачи на медали се:

Михаил Јоноски – златен медал спаринг-борби , деца 12-13 год -60 кг

Христијана Парулеска – сребрен медал спаринг-борби, девојчиња 12-13 г. -40 кг

Никола Балчески – сребрен медал  спаринг-борби , јуниори  14-17 год -55 кг

бронзен медал – 6-5 куп (зелен појас) јуниори  14-17 год

Давид Велковски – бронзен медал спаринг-борби, сениори 18-39  год – 71 кг

Божидар Димитриевиќ – бронзен медал спаринг-борби , јуниори 16-17  год  +75 кг

-бронзен медал 1 дан (црн појас)  јуниори  16-17 год

Давид Крстески – бронзен медал 1 дан (црн појас)  јуниори  14-15 год

Марио Крстески – бронзен медал 2-1куп (црвен појас) јуниори  14-15 год

Ова беше прв меѓународен  таеквондо ИТФ  натпревар во живо на овие простори по нецели две години со учествуво на околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија). Сите беа со најдобрите поединци, за да ја проверат формата, со надеж за учествуво на Европското првенство, доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит годинава.

„Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн турнири. Иако досега немавме натпревари во живо, додека во некои држави веќе се одржуваа, сепак, нашите натпреварувачи повторно дадоа се од себе и направија да се гордееме со нив, освојувајќи 1 златен 2 сребрени и 6 бронзени медали. Искрено, не се надевавме на ваков извонреден успех, со оглед на квалитетот на натпреварот и учесниците на него. Настапивме со 7 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг, од кои најголемо изненадување беше Михаил Јоноски, кој зад себе има 3-4 натпревари и е уште почетник , го освои првото место во спаринг –борби, во категорија деца 11-13 год. -60 кг“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО