Дионтеј Вајдлер до Нгану: Сакам две борби меѓу нас

Дионтеј Вајлдер тврди дека боксерскиот меч со Френсис Нгану не е само сон.

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија се појави на ПФЛ 4 и изјави дека е подготвен за две борби со Камерунецот. Френсис неодамна потпиша со ПФЛ каде ќе дебитира следната година. Нгану оваа година планира боксерски меч, а Вајлдер е отворен за таков предизвик.

„Бронзениот бомбардер“ изјави дека борбата со Ентони Џошуа ќе се случи 99%. Најавена е за декември во Саудиска Арабија. Се чини дека во плановите на Вајлдер не е Нгану оваа година, но во 2024 година дуелот е можен.

„Не сум сигурен што ќе се случи во декември, но се е можно. Јас и Френсис имавме разговори, имавме состаноци со двата табори. Значи, тоа е вистински разговор што се одвива. Ние сме на телефон и зборуваме.

Ова е нешто што навистина може да му се случи. Најдоброто допрва треба да дојде. Тие работи се дискутираат, но ќе видиме што ќе се случи, а кога ќе се случи, ќе биде неверојатно“, рече Дионтеј.

Вајлдер дури проба и пар ММА ракавици во следното интервју и имаше неколку зборови за Нгану.

„Еј Френсис, слушаш ли? Сме разговарале за ова и порано и имаме можност повторно да разговараме. Барам две борби против тебе“, рече Вајлдер со насмевка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON