Денот на македонското знаме: Горан Мијоски прв го носел македонското знаме на меѓународен натпревар

Денеска е Денот на македонското знаме.

Прв спортист што го носел македонското знаме на официјално меѓународно натпреварување е каратистот Горан Мијоски на Светското сениорско првенство во Гранада, Шпанија, во 1992 година.

„Горд сум што имав добиено чест од моите другари од карате репрезентацијата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и стручниот тим на чело со Чедо Саздовски, да бидам првиот носител на македонското знаме на СП во карате во Шпанија на 16.11.1992 година.
Ова е прво појавување на македонското знаме на спортски настан, а со оглед на датумот, можеби и прва официјална промоција на македонското знаме воопшто!“, напиша на Фејбсук Горан Мијоски по повод Денот на македонското знаме.

Стојат: Горан Мијоски, Орце Стојчевски и Бошко Заборски:
Во сеизам: Љубо Петковски, Гоце Атанасовски и Слободан Лазарков.

Воедно, тоа е и прв настап на македонска спортска репрезентација со име Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО