Вечерва во Дебар ќе се одржи професионален боксерски спектакл, а во главната борба за светска титула во средна категорија во ВБУ/WBU верзијата ќе се сретнат Гјетан Кета од Германија против Слаѓан Јањанин од Босна и Херцеговина во 12 рунди.
На овој настан ќе настапи и нашиот најдобар боксер во суперлесна категорија Денис Муаремовски против Михајло Рајиќ од Србија.
„Оваа борба за Денис е многу важна за подобрување на скорот во светската професионална боксерска ранг листа. Планираме до крајот оваа година Денис да има уште две или три борби, па за наредната година да размислуваме за борба за некоја титула“, вели промоторот Дарко Чателски .