Дени Гарсија ја освои титулата на ВБЦ (ВИДЕО)

PBC Staples Centre, Jan 23 2016

Поранешниот светски шампион во полувелтер категорија Дени Гарсија (32-0, 18 КО) ја освои светската титула и во велтер категорија.

Пред повеќе од 12 илјади гледачи во Стејплс центарот во Лос Анџелес, 27-годишниот Американец со едногласна одлука на судиите го победи поранешениот светски шампион во две категории, Роберт Гереро (33-4-1-2 НЦ, 18 КО).

https://youtu.be/X7gE-lyk5E0

Тројцата судии мечот го бодуваа 116-112.

„Сега сум светски шампион во две категории. Возбиден сум. Гереро е цврст. Никој пред мене не го совладал со прекин. Тој дојде да се бори, беше во форма. Не можам ништо да му одземам“, изјави Гарсија по борбата.

Гереро не е убеден дека изгубил.

„Сакам во возвратен меч и тоа е тоа. Никој, освен тимот на Дани, не мисли дека тој победи. Го притискав,го погодував, го мавав по телото. Подобро го користев предниот директ. Мислев дека ќе победам. Публиката мислеше дека победи. Тоа беше одлична борба. Среќен сум. Здрав сум. Ќе се вратам“, рече Гереро.

Во судирот на тешкашите Доминик Брезел (17-0, 15 КО) го победи со технички нокаут во петата рунда Амир Мансур (22-2-1, 16 КО), кој остана на столчето поради повреда на јазикот. Боксер изјави дека речиси го прегризал јазикот.До прекинот Мансур ја контролираше борбата, а Брезел во третата рунда се најде на подот.

https://youtu.be/T85cNnyHcJc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON