Денес почнуваат квалификациите за олимписки норми-познати противниците на нашите борачи

Европскиот олимписки квалификациски турнир во борење во Баку, Азербејџан, почнува од денес, а противниците на нашите репрезентативци се познати.

За Македонија боите ќе ги бранат:

Жени
53 кг Вероника Рјабоволова – Елнура Мамадова (Азербејџан),

Мажи
57 кг Владимир Егоров – Илман Мухатаров (Франција)
74 кг Расул Шапиев – Зураб Капраев (Романија)
97 кг Магомедгаџи Нуров – Раду Лефтер (Моилдавија)

Репрезентацијата се подготвуваше 10 дена во Азербејџан под водство  на тренерот Магомед Ибрагимов. На квалификациите нема да се појави Ахмат Магомедов , кој требаше да настапи во категоријата до 86 кг. Како што стои на официјалната страница на ФБСМ, „поради повреда на подготовките морале да го откажат неговото учество“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО