АктуелноМеѓународна сценаММА

Ден Хукер: Не ми е гајле каде ќе се борам со Царукјан – дури во сауна или на Антарктикот

Новозеландската ѕвезда и седморангиран во лесна категорија на УФЦ, Ден Хукер, ја прифати веста дека неговата борба со Арман Царукјан ќе се одржи во Доха, Катар, со неговото типично чувство за хумор. Борбата ќе биде главнa на УФЦ Фајт најт 264 на 22 ноември.

„Ќе пристигнам во Катар пет дена пред борбата – доволно време за аклиматизација. Не сум тип на борец кој се грижи за патување. Патував низ целиот свет – тоа е нормално за мене“, изјави Хукер за Скај спорт НЗ.

„Разликата во времето? Не ми е гајле. Разбудете ме со удар во главата во 2 часот наутро и кажете ми дека Арман Царукјан е во близина – ќе бидам подготвен. Можам да се борам во сауна или на Антарктикот. Тоа се само детали што не ме загрижуваат“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON