Минатиот викенд се одржа 44-тото Европско вадо кај првенство во Италија, во Олибија на Сардинија, на кое што ветеранот Христаки Давидковски – Таки освои сребрен медал во категорија до 75 кг, ветеранот Љупчо Деловски – Буцо (-75 кг) се бореше за бронза медал и изгуби во нерегуларно бодување.
„На првенството имаше силна конкуренција, се натпреваруваа натпреварувачи од 14 држави. За разлика од другите првенства организацијата и судењето не беа на задоволително ниво. Но, како натпреварувачи и екипа, сепак се стекнавме со едно искуство повеќе. Иден предизвик ни е Светското вадо кај првенство кое се одржува во Англија во август 2018 година“, вели Деловски и додава:
„На овие првенства учествуваат голем број на ветерани, можат да се видат добри борби од поранешни европски и светски прваци. Добро е да се потенцира дека Христаки Давидковски Таки на 62-годиншна возраст се бори и освојува медали, исто така и јас со 56 години. Се бориме со многу помлади натпреварувачи од причина што категоријата е над 40- годишна возраст. Ова е апел и другите каратисти ветарни да се вклучат во натпреварите за ветерани“.
Инаку, Таки и Буцо на 42. Европско првенство во Будимпешта екипно го освоија сребрениот медал.
„Сето ова нека е поттик за сите што имаат желба за натпревар, докажавме и ќе докажуваме дека може да се постигнуваат резултати и на постари години“, категоричен е Деловски.
Ipon.mk/В.Д.