Делини-Петровец-Феникс со 18 медали трети на „Астерикс опен“ (ФОТО)

Delini, Feniks Petrovec na Asteriks 2016

Таеквондо клубовите Петровец, Делини Илинден и Феникс-кик настапија под едно име на првиот „Астерикс куп“ во Ниш-Србија и освоија 18 медали – 6 златни, 8 сребрени и 4 бронзени и во вкупниот пласман (во сите категории) се трети.

taekovndo deca na Asteriks open 2016

ТК Петровец настапи со тројца натпреварувачи: Иво Сандев – златен медал,

Даниела Ѓоргиевска (кадет) – бронзен медал, а Ива Сандева остана без пласман.

ТК Делини Илинден со 9 натпреварувачи ги освои следните медали: Христијан Спасовски, Даријан Ангеловски и Дамјан Богдановски освоија златни, Михајло Релиќ, Мухамед Илис и Анастасија Видинска сребрени, а Лука Дејановиќ и Викторија Ангеловска бронзени.

Сите натпреварувачи на ТК Феникс кик совоија трофеи.

Никола Николовски и Христијан Спировски беа први, додека на второто место се пласираа Матеј Богески, Марко Грујоски, Марко Трајановски, Стефан Димовски и Михаил Филиповски, а Лука Ангелов беше трет.

„Поголемиот дел од натпреварувачите од клубовите настапија за прв пат на еден меѓународен натпревар. Со тоа сакаме да кажеме дека доаѓаат нови млади надежи гладни за успеси. Задоволни сме од прикажаните борби и може да кажеме дека од овие деца понатаму ќе имаме и големи шампиони“, велат тренерите Ацо Анастасов и Александар Велјановски.

Asteriks open 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО