Конор во свој стил: Доколку повторно загубам, целиот брод на УФЦ ќе потоне

Conor-McGregor pred mik 194

Конор Мек Грегор му се врати на својот познат стил на изразување, откако имаше успешни разговори со челниците на УФЦ. Објасни зошто треба се повеќе да посвети на тренингот. Имено, мисли дека негов нов пораз на УФЦ ќе му зададе тежок удар од кој нема да се опорави.

Во последниот разговор, Ирецот кажа нешто во врска со тоа како размрси клопчето за отпаѓање од програмата на УФЦ 200. На крајот смета дека, сепак, победил во таа партија со своите работодавци.

„Дали допатував во Лас Вегас? Сум ги направил ли сите медиумски активности? Дали играв како мајмун. Не сум! Дали сум уште овде? Се борам ли уште и да заработувам ли се уште пари за сите? Да! На крајот, тие добро поминаа и јас поминав добро, нема губитници, сите победивме. Тие беа на една страна, јас бев на друга, но сега сме во средина, тоа е во ред“, ја прокоментира ситуацијата Конор.

На прашањето како тоа толку многу се посветил на тренингот и зашто го промени целиот пристап, исто така, ја сврте работата дека тоа е во интерес на УФЦ.

„Морам да се изолирам, да го префрлам фокусот на тренингот и да дојдам до победата, само за тоа се грижам. Ако изгубам повторно, целиот овој брод ќе потоне, јас сум тој кој го носи целиот брод. И се ќе потоне доколку повеќе ме нема мене. Затоа не смеам да ја изгубам таа борба“, рече тој.

Тоа е стариот Конор, се врати. Иако, прашањето е дали тој е навистина поголем од спортот, како што тој смета. Навивачите и аналитичарите велат дека не е, а ние можеби ќе дознаеме доколку доживее пораз во реваншот против Нејт Дијаз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО