Антонио Јанески (13 години) стана нокаутер со атрактивен вртен удар со нога (ВИДЕО)

Hva rang ITF vo Slovenija 2016

Најглемото изненадување на Меѓународниот такевондо ИТФ турнир во Љубљана –Словенија викендо го направи 13-годишниот Антонио Јанески кој во полуфиналето во спаринг го  нокаутира  претставникот на домаќините со атракривен вртен удар со нога. Така тој се запиша во листата на нокаутери уште на 13 години, при што ги доби и најголемите пофалби од присутните тренери и натпреварувачи.

HVA rang piedestal Slovenija 2016

„Антонио Јанески направи да се чуствуваме горди како Македонци, а со тоа најавува дека можеби во иднина ќе биде тој што ќе ги брани боите на нашата држава на некое светско или европско првенство. Можеби и ќе не израдува со медал и од некој таков натпревар“, велат тренерите Марајанчо Лазаревски и Зоран Донев од Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, чиј клуб викендов учетсвуваше на Меѓународниот турнир во Љубљана и постигна забележителни резултати освојувајќи 8 медали – 1 златен, 2 сребрени и 5 бронзени, од кои едниот бронзен медал е во екипна конкуренција.

Нокаутот е на 3:38 мин.

На турнирот учествуваа  23 клуба од 10 земји (Словенија, Чешка,Австрија,Србија, БиХ, Словачка ,Унгарија, Романија,Хрватска и Македонија).

„На овај турнир сите ги тестираа своите  репрезентативци за наредното Светско првенство за јуниори кое ќе се одржи од 5-11 септември во Андрија , Италија. Ние го тестиравме кандидатот за ова Светско, Александар Јованоски, кој беше трет во спаринг-борби во кокуренција на 17 натпреварувачи, со што докажа дека сериозно се подготвува за СП“, велат негвите тренери.

Резултати:

Александар Јованоски – јуниор-спаринг 3 место

Јана Спасеска -1 место борби во категорија  -55 кг  жени до 13 години;

Елена Јанеска -3 место борби  во категорија  -45 кг жени до 13 години – има само 9 години;

Миле Климоски-2 место форми зелени појаси;

Јане Димов -3 место форми жолт и појаси;  

Давид Велковски 3 место форми;

Христијан Митрески 3 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години;

 Антони Јанески  2 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години.

Екипата до 13 години пионери во спаринг го освои бронзениот медал во состав: Давид Велковски, Христијан Митрески , Божидар Димитриевиќ и Антони Јанески.

Ipon.mk/В. Д.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО