Урим Саити: Доминирав и цело време ја контролирав борбата со Крнета (ФОТО)

Urim Saiti borba udar Stori 4

Урим Саити (- 82,5 кг) викендов во Олтен-Швајцарија го совлада Босанецот Дејан Крнета на кик бокс настанот „Стори 4“ Швајцарија. Настанот беше во организација на Брадерс ГСМ, а под закрила на ВКУ.

Urim udra so raka Stori 4

Саити за мечот вели: „Во трите рунди доминирав. Цело време борбата ја контролирав, што беше пресудно да славам со едногласна судиска одлука од 3-0“.

Urim vo agol na Stori 4

Тој истакнува дека по овој меч стигнале  понуди за други настапи.

„Сега разговораме за настапи на некои други турнири во Швајцарија, но треба да се договорат деталите“, посочува Урим од Маршал артс академијата од Кичево, истакнувајќи дека продолжуваат со редовни тренинзи во клубот.

Urim saiti borba Stori 4

Тој изразува благодарност до Ipon.mk како медиум што ги следи настанатите од боречките спортови, на неговите соработници кои му помагнале во потготовките, како и на Фризур Абдули од Брадерс ГСМ- Олтен, кои го организирале настанот „Стори 4“, кој е еден од најголемите во Швајцарија.

urim mavasi Stori 4

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО