Делија плакаше по победата на кариерата и го прегрна Кро Кап (ФОТО/ ВИДЕО)

Хрватскиот ММА борец Анте Делија победи во полуфиналето на турнирот во тешка категорија на ПФЛ, што се одржа на настан во Холивуд, Флорида, со едногласна одлука на судиите го совлада Русинот Денис Голцов.

Сите тројца судии пресдуија 29-28 за Делија, кој ќе се бори за шампионскиот појас и наградата од милион долари на 27 октомври против Бразилецот Бруно Капелоца.

Тоа ќе биде нивни втор дуел на овогодинешниот турнир, во првото коло бразилскиот борец го совлада Делија со прекин по само 46 секунди.

По најголемата победа во кариерата Анте плачеше во октагонот, додека неговите тренери Мирко Филиповиќ и Стипе Дрвиш победнички се гушкаа.

Погледнете како беше:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON