Тајсон Фјури се раздели со социјалните мрежи

Тајсон Фјури повторно раскина со социјалните мрежи. Шампионот во тешка категорија на ВБЦ ќе се подготвува за третата борба со Дионтеј Вајлдер и не сака ништо да му го одвлекува вниманието. Фјури сподели неодамнешна објава на Инстаграм и напиша дека друго лице ќе не држи во тек со вестите околу него.

Фјури и Вајлдер требаше да се борат кон крајот на минатиот месец, но тогаш Фјури имаше сипмтоми на Ковид-19. На крајот, нивната борба беше одложена за 9 октомври. Тајсон го заложува статусот на непоразен и титулата на ВБЦ.

Веќе видовме две борби меѓу нив. На нивната прва средба, Вајлдер го собори Фјури со тежок нокдаун, но Тајсон стана и дојде до одлука која беше нерешена. Во нивната втора борба, Фјури го скрши и го победи со нокаут, лишувајќи го неговиот непоразен статус и титулата.

„Луѓе, ги напуштам социјалните медиуми до 10-ти октомври. Некој друг ќе ве известува. Ќе има целосно затемнување од мене.

Се гледаме во Вегас. Нека започнат игрите. Остануваат уште 7 недели додека не го повторно не го згазам овој голем губитник. Бог да ве благослови“, напиша Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО