Дел од тимот на Вардар утре патува на ЕП во борење за У-23

Вардар најави дека утре дел од нивниот тим патува на Европското превенство во борење за У-23 во Букурешт, Романија, односно во составот на македонската репрезентација во слободен стил биле повикани 57 кг Аид Салихаси и 86 кг Адам Модосјан.

„Можеа да настапат уште двајца вардарци до 70 кг Марко Андонов и 79 кг Марко Поповиќ, но поради многу оправдани и неоправдани причини останува да настапи на Европското првество најподготвениот Адам Модосјан.

На првенството во Букурешт 16-19 март како поддршка ќе отпатуваат вардарови тренери и спаринг партнерот, помладиот брат Рубен.

Инаку, Адам по Државното првенство подготовките ги спроведе во Скопје спарингувајќи со репрезентативците Шаќир Бислими и Реџеп Хајдари, а завршните подготовки ги продолжи во Сочи со руската сениорска репрезентација .

Се надеваме на наклонет жреб и да оствариме висок резултат и успех“, велат од Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО