Поранешниот британски светски шампион во две категории, Дејвид Хеј, ја поздрави смената на тронот во супертешка категорија. Како што е познато, ерата на Владимир Кличко заврши откако Украинецот беше совлдан од Тајсон Фјури и му ги презеде титулите во верзиите на ИБО/ ВБА / ВБО.
„Едноствано, дојде времето за некаква промена. Владимир Кличко беше неверојатно здодевен. Тајсон Фјури може и да е идиот, но е забавен. Тој пее на рингот, излегува на прес-конференција со облека на Бетмен, изгледа како целосен психо итн. Ова е многу весело. Не смееме да заборавиме дека боксот е како театарот, тој има потреба од свежи ликови, кои ќе го промовираат. За мене, Фјури е 1000 пати подобар шампион од Кличко“, изјави Хеј.