Дејвид Хеј се подигрува со Шенон Бригс (ВИДЕО)

Dejvid Hej Senon Brigs

Дејвид Хеј го исмеја својот иден противник, Шенон Бригс. Ќе се борат оваа година, но малку подоцна. Тие ќе имаат одделни средби на 21 мај, а, ако победат, речиси сигурно ќе се сретнат во рингот.

„Бригс беше доста забавен, додека го следеше Кличко по целиот свет. Но, кога тоа се случи и со мене, веќе не ми беше толку смешно. Тој дојде без предупредување до Лондон, тропнал на вратата на мојата сала и до смрт ја исплашил секретарката. Некој треба да го научи на нешто. Луѓето сакаат да го видат како се бори со мене. Кога ќе го нокаутирам, ќе ја применам неговата славни реплика – „Ајде, шампионе“, „Ајде, балко““, изјави Хеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО