Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија, Дејвид Хеј, стана првиот човек кој го поздрави потпишувањето на договорот за средба меѓу Ентони Џошуа (Англија) и Владимир Кличко (Украина).
Преговорите за овој меч почнаа веднаш откако Тајсон Фјури се повлече од реваншот со Украинецот.
„Супер е што мечот Кличко – Џошуа веќе е факт. Точниот момент е најважен, а сега е времето на Ентони“, напиша 35-годишниот Хеј, кој имаше средба со Владимир.
Се уште нема официјална потврда за договорот од страна на менаџерите на Кличко и на Џошуа.
https://youtu.be/OMESruBWaao