Дејна Вајт: Не можам да му кажам не на Волкановски

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, зазеде став за барањето на Александар Волкановски да ја организира неговата борба против Ислам Махачев. Австралискиот борец со македонско потекло сака да ја нападне титулата во лесна категорија, која неодамна ја освои Русинот.

„Ако го погледнете досието на Волкановски и што направил – ако ми дојде тип како него и ми каже дека сака да се бори, како да му кажам не, ако е решен да го стори тоа?“, коментира Вајт. во интервју за ТМЗСпортс.

„Се уште работиме на тоа“, додаде првиот човек на организацијата, појаснувајќи дека нема датум за ваква борба.

Претходно Ислам Махачев им порача на своите фанови дека наскоро ќе биде објавена неговата следна борба, а Волкановски најави дека преговорите се во завршна фаза и веќе ги започнал подготовките за борбата.

Една од опциите што се наведува за суперборбата меѓу двајцата е главниот настан на УФЦ 284, закажан за 11 февруари во Перт, Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО