Израел Адесања и Алекс Переира успешно го поминаа мерењето пред спектаклот на УФЦ во Њујорк

Првакот во средна категорија Израел Адесања викендов по шести пат го брани појасот на УФЦ. Изи ќе се бори со Алекс Переира во главната борба на настанот УФЦ 281 во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Тие двајца добро се познаваат уште од нивните кикбокс денови.

Адесања загуби во двата меча, а на последниот во март 2017 година беше нокаутиран, по што целосно се посвети на ММА, па замина во УФЦ.

Шампионот најави дека се подготвува да му се реваншира на Алекс за тие порази.

Во борбата за титулата Карла Еспарза ќе го брани шампонскиот појас во сламка категорија против Вејли Жанг, а особено интересен меч сигурно ќе имаат Дастин Пориер и Мајкл Чендлер.

Денеска мерењето успешно го поминаа машките и женските борци од главната програма на настанот.

На мерењето се појави Израел Адесања со 83,91, а Алекс Переира 83,73 килограми.

Карла Еспарза (51,98 кг) е нешто полесна од Вејли Жанг (52,07), исто како и Мајкл Чендлер (70,67) во пресрет на мечот против Дастин Пориер (70,76).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО