Веста за средбата меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа во мај денес стана водечка бугарските медиуми и во регионот, при што беше посочено дека за титулата на Светската боксерска федерација ќе се борат на стадионот Фенербахче во Истанбул. Сепак, нема потврда од страната на Џошуа.
Интернет-изданието на британскиот весник Дејли меил тврди дека сè уште не е постигнат договор и самиот Џошуа претпочита да го брани шампионскиот појас во Лондон.
Весникот наведува и повторува изјави на промоторот Еди Херн дека новиот стадион на Тотенхем е посакуваното место за следниот натпревар.