Дејан Стефановски поканет на прес-конференцијата на МФЦ 3!

Stefanovski pobednik

Дејан Стефановски во понеделник во Подгорица, Црна Гора, ќе усчетвува на прес-конференцијата на ММА организацијата „Монтенегро фајтинг чемпионшип“ по повод третото издание на истоимениот турнир во Будва, што ќе се одржи на 27 јуни, а по покана на организаторот Ален Џанкиќ. Стефановски се појавува во улога на официјален претставник на нашите борци Марјан Агелески и Игор Петков.

Marjan Angeleski mma 3 plakat

Да потсетиме дека Стефановски пред некое време настапи на „Никшиќ фајтинг чемпионшип“ и го победи еден од најдобрите српски претставници, Аелксанадар Јанковиќ. Тој ја доби борбата со гушење за две минути. Тоа беше единствената победа за македонските борци. Инаку, Дејан е член на Будо клубот од Велес. По турнирот заминува во Дубровник, каде што тренира во еден од најдобрите европски клубови, Гладијатор,а тренер ќе му биде Маро Перак, еден од најдобрите ММА борци во светот.

Marjan angeleski mma borba

Нашите претставници ќе се натпреваруваат во ММА делот во Будва, при што Ангелески (+93 кг) ќе има борба против Радош Јоксимовиќ од Србија, а Петков ( -73 кг) против Душан Џакиќ, исто така од Србија.

Ангелески (1993 г.) е млад натпреварувач од Охрид кој настапува за ММА кик боксинг клубот Фајт клуб мастер од истоимениот град. Петков е од Струмица и ова ќе биде извонредна можност за него.

МФЦ 3 ќе се одржи во светски познатата дискотека „Топ Хил“, притоа за појас ќе се борат Димитрије Џанкиќ (Црна Гора)-Лука Чурковиќ (Хрватска), а борбата меѓу Васо Бакочевиќ  (Црна Гора)-Саша Лазиќ (Србија) е посебна интерсна, затоа што се борат во отворена категорија, при што првиот има 66 килограми, додека вториот е 120.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО