АктуелноКик боксСветски првенства

Дејан Митровски – Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа

На денешното Генерално собрание на ВАКО Европската кикбокс федерација м-р Дејан Митровски – Урко е избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа.

Митровски, како репер за добар водач, кој ја предводи Кик бокс маитаи федерација на Македонија, како и ВАКО Балканската кикбокс федерација, едногласно беше избран за член на Одборот кој ќе управува со Европската кикбокс федерација следните четири години.

За претседател на ВАКО Европа е избран Еспен Лунд од Норвешка. Дополнително беа избрани и членови на повеќе други одбори и комисии.

На Собранието се усвоија и завршната сметка за 2024 година, финансискиот план за 2025-та и други тековни документи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON